Избор на јазик

Македонски (Macedonia)Albanian-ALEnglish (United Kingdom)

Случајна Слика

АНКЕТА

Дали ви се допаѓа нашиот web site?
 

1001 НОЌ - Агенција за Ориентален Танц. Belly Dance Agency 1001 NIGHT. 1001 NETё - Agjencioni pёr tanc oriental.
ЗА НАС PDF Печати Е-пошта

Слика од СултанаАгенцијата 1001 ноќ се занимава со изведба на професионален ориентален танц. Танцот го изведуваат стручно обучени професионални ориентални танчерки од Македонија, кои на нашите простори настапуваат веќе девет години и на публиката и се познати како Жадиња. Во агенцијата гравитираат повеќе танчерки, секоја со свој стил и харизма.

 

За настапот

Танчерките настапуваат во професионални ориентални костими, со фереџиња.


Настапите ги организира стручно обучен менаџерски тим, кој го комплетира целокупниот аранжман, вршејќи селекција на танчерките, нивниот број, стил на настапување, музичка компилација, комбинација на бои и стил на костими, како и кореографијата, согласно поводот, просторот, стилот на амбиентот и сл.


Агенцијата е специјализирана за сценски уметнички настапи, за кои се спрема посебна уметничка влезна кореографија, со три и повеќе танчерки.

 

Етика на работа:

За време на настапот танчерките играат на одредена еквидистанца од публиката, со тенденција секој да биде удостоен со танцот. Танчерките не контактираат со гостите, а по завршувањето на настапот го напуштаат подиумот и си одат. За време на своите настапи, танчерките секогаш се придружувани од човек, задолжен за контакт на публиката со Агенцијата.

 

Повод:

Ориенталниот танц се изведува по повод веселби и настани од најразличен карактер, како на пример: родендени, свадби, крштевки, момачки и девојачки вечери, банкети, сунети, куќни слави, дипломски и матурски, заминување во пензија, новогодишни и предновогодишни прослави, деловни ручеци, промоции, коктели по повод семинари, конгреси, симпозиуми, најразлични јубилеи, годишнини, собир на разни дипломатско-конзуларни претставништва, премиери на филмови, потоа најразлични естрадни настапи: избор на Мис, концерти, гости на разни телевизиски емисии, снимање реклами и спотови и сл., па се до обични седенки, каде постои желба за добро расположение.

 

Каде се настапува:

Настапите се изведуваат на најразлични места, зависно од поводот и идејата на нарачателот, како на пример: хотели, ресторани, кафулиња, казина, ноќни клубови, дискотеки, плажи, телевизиски студија, работни простории на разни фирми, аеродром, воени бази, па се до дворови на приватни куќи, вили, приватни станови, во Македонија, па и надвор од неа.